Поврзете се со нас

Англија

Кин и Рајт во жесток дуел на тема Бруно Фернандеш: Талентот не е доволен (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Рој Кин не е голем фан на Бруно Фернандеш, а тоа го потврдил и во последното учество во подкастот на Гери Невил.

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед влегол во жестока расправија со Иан Рајт на тема Бруно, во која легендата на Арсенал се обидела да го заштити Португалецот.

Поентата на Рајт е дека Јунајтед би бил во уште полоша позиција без Фернандеш, но за Кин тоа е далеку од доволен аргумент за да биде позитивно настроен кон актуелниот капитен.

– Гледам дека навивачите му пеат песни на Бруно, а јас мислам дека овие момци се класични преваранти, рекол Кин, а имал одговор и на забелешката на Рајт дека токму Фернандеш е тој кој ја враќа екипата на голем број натпревари.

– Ние сме на 15. место во првенството, а тој не враќа во игра. Фала Боже, – иронично рекол Кин.

– Талентот не е доволен, Бруно е талентиран, но тоа не е доволно. Вие во Арсенал го величевте Тони Адамс за тоа што претставувал во соблекувалната, но тоа беше така затоа што тој беше голем борец, – истакнал Кин во расправијата која стана вирална на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни