Поврзете се со нас

Англија

Кин „грмна“ против играчот кој го налути и Тен Хаг: Треба да оди неколку лиги подоле! (Видео)

Објавено

на

Ерик Тен Хаг беше уловен како му вика на Антони Марсијал поради недоволно залагање и невршење пресинг врз одбраната на Њукасл, а таквиот негов пристап уште еднаш ги разбесни навивачите на Манчестер Јунајтед.

Холандскиот стручњак подоцна на пресот објаснуваше дека пораката до Марсијал не била индивидуална и дека преку него сакал да го освести цел тим, но видеото од трибината беше доволна причина да се развие дебата и да се насоберат низа критики.

Марсијал веќе со години наназад има чуден статус во Јунајтед и некако успеа да ги „преживее“ сите менаџерски смени, но Рој Кин беше посебно брутален во последното обраќање и заклучи дека Марсијал игра како фудбалер кој треба да оди неколку лиги подоле.

– Го споменавме Марсијал…… Му простуваме на Марсијал за тоа што постигнува гол на секои 14 години, но не може да се прости ако не може да примите и да задржите една топка кога играте под притисок во Њукасл. Подобро е да ја задржите таа топка и да изнудите прекршок или нешто слично.

– Тој само ги допира топките и ги продава евтино кај противникот. Треба да оди неколку лиги подолу! Манчестер Јунајтед се обиде да се ослободи од него пред неколку години, а во Јунајтед ви се суди за тоа како играте на големите натпревари. Ако не можете да се носите со тоа, тогаш вие не сте за Манчестер Јунајтед, – брутално порача Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни