Поврзете се со нас

Англија

Кин го истипува со точен резултат дербито меѓу Сити и Арсенал

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Сити и Арсенал ќе ги одмерат силите во 30. коло во Премиер лигата, дерби пресметка која на крајот може да се покаже како пресудна во борбата за титулата.

„Граѓаните“ беа подобри во првото лигашко соочување со 1-0 што доволно говори дека пред нас е навистина интересен меч на два состави кои поседуваат голем број на квалитетни играчи.

Голем е интересот за соочувањето на „Итихад“, има доста анализи, коментари, но и предвидувања околу победникот, а една од нив дојде од Рој Кин кој е убеден дека избраниците на Пеп Гвардиола ќе ги освојат трите бода.

-Ова е работа за големи момци. Арсенал таму не победува. Арсенал не победува кај Манчестер Сити. Типувам 2-1 за Сити. Арсенал таму не победува. Сите се зафркавате, ви кажувам, -порача Кин.

Со ова не се согласува Иан Рајт кој очекува славје на „топчиите“.

-Ќе ги победиме. Знаеш зошто го кажувам тоа? Затоа што треба да ги победиме. Зошто да не мислам дека можеме да победиме кога имаме одличен дефанзивец учинок и постигнуваме голови? Зошто сега да одам негативно на нашите шанси? Мислам дека Арсенал ќе победи. Мора да ги победиме, мора да одиме по тоа., -порача Рајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни