Поврзете се со нас

Англија

Кин: Гигс не сакаше да изврши една клупска задача и не зборував со него шест месеци

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин со години беше капитен на Манчестер Јунајтед и го имаше најважниот глас во соблекувалната после менаџерот Сер Алекс Фергусон, но иако беше лидер на тимот кој изгледаше максимално сплотено и незадржливо на теренот, Ирецот открива дека не било се идеално на приватен план.

Кин во неколку наврати има откриено дека се однесувал максимално професионално кога се во прашање извршените клупски обврски и отворено говорел за несогласувањата со неколку соиграчи, меѓу кои сега обелоденува дека бил и Рајан Гигс.

Неповторливиот играч за врска посебно му се налутил на крилото поради одбивање да се појави на јавен настан кој бил организиран од Манчестер Јунајтед, по што не зборувал со него пет или шест месеци.

– Кога сте долги години во еден клуб, нормално е да имате и тензични моменти со соиграчите. Се сеќавам дека бев скаран со Палистер, но тој беше извонредно момче. Имав проблеми и со Гигси.

– Еднаш не сакаше да изврши задача која му беше зададена од клубот. Не сакаше да се појави на настан и јас бев бесен на него. Како играч, малку кој сака да се појави на настани кои се организирани од клубот, но тогаш му беше ред на Гигс. Сите имавме направено такво нешто, тогаш беше неговиот ред, но тој избегна. Обично не правел такви работи, но еднаш беше доволно за да ме налути. Бев иритиран и нервозата меѓу нас се провлекуваше неколку месеци, мислам дека беа пет или шест, – открива Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни