Поврзете се со нас

Англија

Кин ги повлече зборовите за ѕвезда на Јунајтед: Драго ми е што сум направил грешка

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед го победи градскиот ривал Манчестер Сити во вчерашното финале на англискиот ФА куп, а таквиот епилог донесе и комплименти за фудбалерите и менаџерот Ерик тен Хаг.

Тоа посебно се однесува на стручните коментатори за британските медиуми, меѓу кои е и Рој Кин.

Поранешниот капитен на Јунајтед уште на теренот мораше да му честита на Тен Хаг, а подоцна имал пофалби за Бруно Фернандеш, кого често го критикуваше изминатите сезони.

– Бев голем критичар на Бруно изминатите години, но сега ми е драго што сум направил грешка.

– Неговото лидерство во финалето беше фантастично, а мене ми е најмногу драго поради фановите. Последните месеци беа фрустрирачки, Сити овојпат не одигра најдобро, но клучот беше во играта на Јунајтед и треба да се ужива во вакви моменти, – рекол Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни