Англија
Кин ги издвои екипите кои ќе можат да го предизвикаат Сити во наредната сезона

Манчестер Сити ја продолжи доминацијата во Премиер лигата каде успеа да дојде до петтата титула во последните шест сезони, трета во низа во најсилната англиска конкуренција.
Овие успеси го направија Сити да биде број еден, биде недопирлив во домашниот шампионат, но секоја кампања е посебна, се може да се случи особено како првенство како што е ПЛ каде екипите вложуваат средства во екипите. Иако сезоната само што заврши веќе се говори за наредната и за тоа кои тимови би можеле да ги предизвикаат „граѓаните“, па токму на оваа тема своја прогноза даде некогашниот напаѓач на Ливерпул, Тотенхем и Лидс, Роби Кин.
-Многу е тешко да се каже каде Сити ќе се движи од тука, затоа што ако ја освоите тројната круна, какви играчи ви се потребни? Се зависи од тоа кои играчи ќе си одат. Ако имате неколку играчи кои си одат, сигурен сум дека ќе бараат да ангажираат други играчи.
-Следната година, мислам дека нема да биде трка на „два коња“ со Арсенал. Мислам дека Ливерпул ќе се врати во друштвото, навистина верувам во тоа. Со доаѓањето на Покетино, мислам дека Челси може да биде добар, но можеби ќе им требаат година или две.
-Очигледно се надевам дека ќе биде и Тотенхем, ако добијат неколку нови засилувања, но тоа зависи од тоа дали Кејн ќе остане. Мислам дека ќе биде уште потесно следната година, во однос на тимовите кои ќе предизвикуваат, -порача Кин.
-
Светпред 18 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Англијапред 20 часа
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Италијапред 20 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 20 часа
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
АТПпред 19 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 17 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
ВТАпред 23 часа
Ѓорческа обезбеди полуфинале на турнирот во Куршумлијска Бања