Кин: Една од моите најголеми грешки во животот е тоа што не му ја скинав главата на Кеирош!

kin-keiros

Рој Кин беше препознатлив по избувнувањето на теренот и по својот проблематичен темперамент за време на играчката кариера, а наспроти сите успеси кои ги имаше како член на Манчестер Јунајтед, повремено се потсетува и на проблематичните моменти кои ги имал на „Олд Трафорд“.

Во најавата за мечот меѓу Шпанија и Иран на Светското првенство, Кин како експерт на ирската телевизија „ИТВ“ даде една крајно интересна изјава поврзана за неговиот поранешен соработник во Манчестер Јунајтед, Португалецот Карлос Кеирош кој своевремено беше помошник на Сер Алекс Фергусон.

Кин открива дека односот меѓу него и Кеирош значително заладил во неговите последни денови на „Олд Трафорд“, а денеска се уште жали што не го истепал актуелниот селектор на Иран.

– Поради одредени причини, на крајот од мојата кариера во Јунајтед Кеирош се однесуваше без никаков респект кон мене и делуваше крајно непочитувауччки. Имавме проблеми поради тоа, тој ја доведуваше во прашање мојата лојалност кон клубот, па го пратив онаму каде што треба да го пратам. Една од моите најголеми грешки во животот и она за што многу жалам е тоа што не му ја скинав главата во тие моменти, – порачува Кин.

Facebook Коментари