Поврзете се со нас

Франција

Кимпембе го презема микрофонот и им фати сеир на фудбалерите и фановите на Ленс (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PSG_inside

ПСЖ вчера успеа да го победи Ленс во натпревар во чиј најголем дел имаше фудбалер повеќе на теренот, а своите пет минути по средбата ги дочекал и Преснел Кимпембе.

Дефанзивецот е повреден и користи патерици за движење, но тоа не го спречило да се најде на теренот и да направи провокативен потег.

Кимпембе го земал микрофонот и почнал да ја пее песната која традиционално е поврзана со фановите на Ленс и со која тие им се насладуваат на победите на својата екипа.

Според фановите на ПСЖ, ова е одмазда за однесувањето на противничките фудбалери на првата средба, на која Ленс победи со 3:1, а по која играчите и тренерот на ПСЖ ја пееле песната со микрофон заедно со своите фанови.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни