Поврзете се со нас

Германија

Кимих за поразот на Баерн од Борусија: Ова е неприфатливо

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен загуби по долго време од Борусија Дортмунд на домашен терен, а резултатот го натера тренерот Томас Тухел уште вчера да му ја честита титулата на Баер Леверкузен.

Навивачите на Баварците беа разочарани од изданието на нивните миленици против големиот ривал, а искусниот Јосуа Кимих испратил многу критики до тимот.

– Не ми е јасно како можевме да одиграме вака на еден толку важен натпревар, ова е необјасниво и неприфатливо.

– За вакви дуели не ни е потребна дополнителна мотивација, треба да одиграме максимално на теренот, а ние се однесувавме како да е пријателски натпревар. Не смее да ни се случи такво нешто.

– Победата на Баер и дебатата за идниот тренер не смеат да имаат никакво влијание врз нашите настапи, затоа сега треба да одиме дома и секој да размисли добро за својот пристап. Не е ни важно кој ќе биде покрај аут-линијата ако играме на ваков начин, – рекол Кимих за „Скај“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни