Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кимих со брилијантен потег му донесе победа на Баерн, Интер не успеа да го скрши Шахтјор (ВИДЕО)

Објавено

на

Баерн Минхен ја прокнижи втората победа во групата А во Лигата на шампионите и тоа на гостувањето во Русија каде славеше над Локомотив Москва со 2-1.

Гостите важеа за огромни фаворити на хартија, но домаќините дадоа силен отпор и воопшто не се посрамотија на оваа средба.  Бундеслигашот го отвори резултатот во 13 минута со голот во режија на Павар и Горецка, водство кое траеше се до  70 минута кога Локомотив израмни на 1-1.

Зе Луис го пронајде Миранчук кој пак биеше прецизно и го матираше Нојер. Сепак последниот збор го имаше Баерн и тоа преку мајсторијата на Кимих кој во 79 минута изведе мајсторски потег по додавањето на Мартинез, ја затресе мрежата на рускиот тим и донесе три бода за баварците.

Во истиот термин во Украина, Шахтјор и Интер одиграа без победник и без голови. Сега клубот од Доњецк има четири бодови, додека пак „нероаѕурите“ имаат два со оглед на тоа што ова им е второ реми по она со Борусија Менхенгладбах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни