Поврзете се со нас

Германија

Кимих објасни зошто не сака да се вакцинира

Објавено

на

Џошуа Кимих е една од големите фудбалски ѕвезди, кои засега одбиваат да се вакцинираат во обидот да бидат позаштитени од вирусот ковид-19.

Фудбалерот на Баерн Минхен јавно зборувал за својата одлука и зошто засега одбива вакцина.

– Одбив да се вакцинирам затоа што не сум сигурен дека се доволно испитани и безбедни.

– Свесен сум за мојата одговорност, ги почитувам хигиенските мерки, а на секои два-три дена се тестираме за вирусот.

– Но, мора да кажам дека не сум од оние кои не ја признаваат опасноста од вирусот, ниту пак сум анти-ваксер. Исто така не велам категорично дека нема да се вакцинирам, постојат реални шанси тоа да се случи во иднина, – рекол Кимих.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни