Поврзете се со нас

Европски првенства

Кимих: Не верувам дека Шпанците се среќни што ќе играат со нас

Објавено

на

Шпанија и Германија се во групата најголеми фаворити за освојување на ЕП, но само една од овие две селекции ќе остане со таква шанса по четвртфиналното соочување.

Ждребот сакаше двете селекции да се соочат рано во нокаут фазата, а Шпанците досега имаа нешто поубедливи настапи и победи во однос на домаќинот на турнирот.

Искусниот Џозуа Кимих на денешниот брифинг со новинарите истакнал дека е свесен за квалитетот на противникот, но и Шпанците сигурно не се премногу задоволни од противникот во следната фаза.

– Мислам дека ова ќе биде добар натпревар и уживање за неутралните фанови.

– Не сум сигурен дека Шпанците се најсреќни што ќе мора да играат со нас во четвртфиналето, додека како фудбалери ние живееме за вакви натпревари и едвај чекаме да се соочиме со силниот ривал. Ако сакаме да го освоиме турнирот, секако моравме во еден момент да ја победиме Шпанија, – рекол Кимих.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни