Свет
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
Ѕвездата на Баерн Минхен и воедно германски репрезентативец, Јозуа Кимих го искажа својот став за новото правило кое веќе некое време се применува на терените.
Се работи за правилото во кое само капитенот смее да им приоѓа и разговара со судиите за време на натпреварите, поточно останатите треба да се многу внимателни затоа што за било каква комуникација, несогласување може експресно да биде санкциониран од официјалните лица.
-Генерално, не сум голем љубител на овој нов систем каде што само еден играч смее да разговара со судијата. Тоа е добра идеја. Но, мислам дека судиите генерално се многу чувствителни.
-Се разбира, понекогаш реагирате со емоции. Нема врска со судијата. Може да се налутите за некоја ситуација. Често се случува судиите да го сфатат како што не треба – што значи дека добивате многу жолти картони.
-Во Лигата на нации ако добиеш два жолти картони си суспендиран. Тоа навистина, навистина може да боли. Во принцип, би сакал судиите да не беа толку чувствителни. Иако мораме да ги држиме емоциите под контрола. Но, тоа не е секогаш нешто лично против судијата, -порача капитенот на германската репрезентација.
-
Свет7 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
Свет14 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Лига на нации17 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Италија16 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Шпанија15 часа
Јамал се огласи и испрати порака по повредата која ја заработи против Данска
-
Лига на нации12 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА14 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)