Поврзете се со нас

Германија

Кимих го откри новиот клуб на Алаба: Не прави лош избор!

Објавено

на

Баерн Минхен стави една рака на трофејот во Бундеслигата откако вчера оствари победа во дербито со Баер Леверкузен, уште повеќе ако се знае дека истиот ден, Лајпциг киксираше и претрпе пораз на гостувањето кај Келн.

Се уште актуелниот европски првак има 10 бодови предност на четири кола пред крајот и цврсто чекори кон нов трофеј во домашното првенство, но по победата над Леверкузен од 2:0, доста големо внимание привлече Џошуа Кимих кој „случајно“ го откри новиот клуб на неговиот соиграч.

Давид Алаба нема да биде дел од Баерн Минхен наредната натпреварувачка сезона откако клубот одлучи да не ги прифати неговите финансиски барања, а Кимих сега и обелодени на јавноста дека не направил лош потег со изборот на Реал Мадрид.

– Алаба тука освои се што можеше да се освои, нема зошто да жали. Покрај тоа, оди во голем клуб, не прави лош избор со Реал Мадрид.

– Не може да направите скалило погоре откако сте играле за Баерн Минхен, но Реал Мадрид дефинитивно не е лош избор, – порачува Кимих во интрвјуто за „Скај“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни