Кили Гонзалес откри каква животна лекција добил од Гвардиола за време на натпревар

kili-gonzalez

Кили Гонзалес е прославен аргентински фудбалер кој имаше значајна улога во Европа на крајот на 90-тите години од минатиот и на почетокот на новиот век, а секако најсвежи се сеќавата од неговите претстави кои ги имаше за Валенсија и Интер.

Продорното аргентинско крило на двапати играше со Валенсија во големото финале во Лигата на шампионите и подоцна направи трансфер во Интер, но како што вели самиот, една од најголемите лекции во кариерата ја добил во првиот клуб за кој играше во Европа. Кили во 1996-та година потпиша за шпанска Сарагоса, а тоа му овозможи да се испроба во елитна лига во која играа огромни фудбалски ѕвезди.

Аргентинецот обелоденува дека посебен впечаток му оставило првото гостување на „Камп Ноу“, не поради поразот од 4:1, туку поради советот кој го добил од капитенот на Барса, Пеп Гвардиола.

– Играв за Сарагоса и тоа беше мој прв натпревар на „Камп Ноу“, сакав да го видам тој стадион. Слушнав како двајца мои соиграчи велеа дека добар резултат ќе биде и 2:0. Но, во таа Барса играа Стоичков, Гвардиола, Ривалдо, Џовани, Фиго, Роналдо. Самошто започна мечот, ни ја пресока акцијата и „пум“, веќе водеа. Се сеќавам и на еден детаљ со Гвардиола. Сакав да се борам, сакав да ги срушам, но не можев ништо да направам. Во еден момент, Гвардиола ми пријде и ми порача. Доста се тепаш на теренот и играј фудбал. Ми порача дека трошам енергија на дуели, наместо да играм фудбал. Ми го кажа тоа и ме удри во гради. Си помислив, ова ми го кажа Пеп. Тогаш сакав да го бакнам. Тој совет ме направи подобар играч во иднина, – открива Кили.

Facebook Коментари