Поврзете се со нас

Италија

Кикс на сезоната уште на стартот на Серија А: Ја фати топката „жива“ и си ја внесе во гол во 95. минута! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acffiorentina

Голманот Раду со својата катастрофална грешка против Болоња го остави Интер без титула минатата сезона, а новата кампања во Серија А ја стартуваше на уште полош начин за својот нов клуб.

Кремонезе беше блиску до освојување на голем бод на тешкото гостување во Фиренца, но во 95-та минута од средбата, романскиот чувар на мрежата направи страшен кикс и ги израдува домашните играчи и навивачи.

Фиорентина двапати водеше, Кремонезе двапати се враќање, но на крајот пресуди центаршутот на Мандрагора и ужасната реакција на голманот на Кремонезе.

Раду ја имаше топката во своите раце и ја фати „жива“, но потоа се заби во дирекот и си ја внесе истата во сопствената мрежа, потег кој беше решавачки за победа на „виолетовите“.

Претходно, Фиорентина водеше со погодокот на Бонавентура и деби голот на Лука Јовиќ, додека гостите се враќаа со головите на Окереке и Бунаиуто. Разочарувањето за Кремонезе е уште поголемо ако се знае дека играа со играч помалку уште од 44-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни