Поврзете се со нас

Германија

„Кикер“ не го вметна Халанд во тимот на сезоната во Бундеслигата

Објавено

на

Ерлинг Халанд остави одличен впечаток откако во зимскиот преоден рок пристигна во Борусија Дортмунд, но угледниот германски магазин „Кикер“ не смета дека заслужил место во тимот на сезоната во Бундеслигата.

Норвежанецот постигна важни голови за својата екипа која го освои второто место на табелата, реализирајќи 13 голови на 15 одиграни натпревари за „милионерите“.

Но, фактот што Халанд играше само во вториот дел од сезоната веројатно го елиминираше овој играч во конкуренцијата за најдобар тим, а таму очекувано нападот го предводи најдобриот стрелец, Роберт Левандовски.

Од единаесет фудбалери, дури шест се претставници на стариот-нов шампион Баерн Минхен.

Тим на сезоната во Бундеслигата (2019/20)

Нојер (Баерн М)
Павар (Баерн М)
Гинтер (Борусија М)
Хумелс (Борусија Д)
Дејвис (Баерн М)
Кимих (Баерн М)
Забицер (РБ Лајпциг)
Санчо (Борусија Д)
Милер (Баерн М)
Вернер (РБ Лајпциг)
Левандовски (Баерн М)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни