Поврзете се со нас

Шпанија

Кике Сетиен со коментар за ангажманот на Миралем Пјаниќ: Секогаш кажувам дека сакам…

Објавено

на

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен уште еднаш беше запрашан за трансфер активностите на неговиот клуб ова лето.

„Каталонците“ ќе се засилуваат на неколку позиции на теренот,а она што е интересно е што речиси сите трансфери поради финансиската криза предизвикана од коронавирусот ќе бидат врз база на размена на играчи.

Прва опција за нов играч на Барселона е Лаутаро Мартинез од Интер, а во последно време се шпекулира и за евентуалното доаѓање на Миралем Пјаниќ на „Камп Ноу“.

Дека има интерес од Барслеона за Пјаниќ меѓу редови потврди и Кике Сетиен во интервју за „БеИн Спортс“.

– Секогаш сум велел дека сакам одлични играчи, а Пјаниќ е токму таков. Има уште одлични фудбалери за кои можеме да читаме во весниците, -кратко изјави Сетиен.

Барселона во размената за Пјаниќ е подготвена да го понуди Нелсон Семедо, а се уште е отворена можноста во Торино да оди и Артур Мело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни