Поврзете се со нас

АТП

Кирјос лут поради „помилувањето“ на Синер: Требало да си добие две години суспензија

Објавено

на

Информацијата за позитивните допинг тестови на Јаник Синер и избегнувањето на суспензија со одлука на надлежната комисија на тениската сцена предизвика многу реакции и коментари, а меѓу првите реагираше и Ник Кирјос.

Австралискиот тенисер кој никогаш не го реализираше својот потврден потенцијал излезе со осуда на донесената одлука и вели дека Синер требало да биде казнет со двегодишна суспензија.

Кирјос не верува во објавената причина за начинот на кој забранетата супстанца стигнала во организмот на Италијанецот и отвори голема дебата на својот „Икс“ профил.

– Смешно, без разлика дали било случајно или планирано.

– Ако два пати си позитивен на забранет стериод, треба да си добиеш двегодишна суспензија. Твоите перформанси биле подобрени, крема за масирање како не, – напиша Кирјос и отвори голема дебата.

Голем шок: Синер паднал на допинг тест, но помина само со симболична казна

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни