Поврзете се со нас

Италија

Киеза заработи црвен картон, „фенерџијата“ Кротоне го освои првиот бод против шампионот (Видео)

Објавено

на

По добиениот службен меч против Наполи, Јувентус без својата најголема ѕвезда во тимот отпатува во Кротоне, каде тимот предводен од Андреа Пирло доживеа огромно разочарување.

Без Кристијано Роналдо во стартната постава, Јувентус не успеа да го пробие бедемот на домашниот тим, кој на крајот успеа да се одбрани во ситуација кога имаше еден играч повеќе на теренот.

Работите за шампионот тргнаа неповолно на стартот, бидејќи по 12 минути игра главниот судија Форнеау покажа на белата точка, а Сими беше прецизен реализатор на најстрогата казна. Негативата од 1:0 беше јасен сигнал дека фаворитот мора да ја сфати работата далеку посериозно, па Алваро Мората израмни на 1:1 во 21-та минута по додавањето од Киеза.

Големото засилување за Јуве одлично асистираше, но во продолжение се претвори во трагичар бидејќи заработи директен црвен картон по 60 минути игра за еден невнимателен старт. Киеза го остави Јувентус со 10 играчи на теренот, но и со таков распоред на силите гостите се изборија за постигнат гол, но истиот беше поништен од ВАР.

Мората по вторпат ја затресе мрежата, но овојпат погодокот во 76-та минута беше поништен и Кротоне кој во ова коло влезе како „фенерџија“ се избори за првиот бод во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни