Поврзете се со нас

Лига Европа

Киеза со еден удар ги погоди гредата и дирекот, топката не заврши во мрежата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус не успеа да го победи Нант во првиот бараж дуел во Лигата на Европа и ќе мора да брка победа во Франција, откако вечерва навистина се изнапромаши во второто полувреме.

Фаворитот поведе во првиот дел со голот на Влаховиќ по одличната акција на Ди Марија и Киеза, но потоа Јувентус комплетно се опушти и се реши да ги брани минималните 1:0.

Таквиот пристап на Алегри беше заслужено казнет во 60-та минута кога Блас претвори во гол една контра на гостите, по што во последните 30 минути гледавме комплетна опсада кон голот на Нант.

Јувентус фрли се на една карта за да постигне гол, но наместо тоа, во три наврати ја тресеше рамката од голот. Најлуда беше ситуацијата, односно обидот за гол на Киеза, кој со еден удар ги погоди и гредата и дирекот.

Крилниот напаѓач не можеше да поверува како топката не заврши во гол, но нешто слично доживеа и Анхел Ди Марија кој ја погоди гредата директно од корнер неколку минути подоцна.

На крајот, Јувентус се чини дека беше оштетен и за чист пенал во 95-та минута, бидејќи наместо најстрога казна поради играње со рака, судијата досуди прекршок во напад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни