Поврзете се со нас

Англија

Киеза нема да ја чека Барселона, премиерлигаш ќе испрати понуда до Јувентус

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Федерико Киеза последнава недела е поврзуван со трансфер во Барселона, но се чини дека Италијанецот нема уште долго време да чека конкретен потег од шпанскиот клуб.

Јувентус се откажа од репрезентативецот и очекува само агентот на Киеза да му пронајде нова дестинација придружена со соодветна понуда, а Барселона иако се распрашувала за условите, не направила ништо конкретно за да го добие потписот на Киеза.

Сега во прв план е Ливерпул, клуб кој го ставил на дневен ред ангажирањето на Киеза, пред се поради фактот што трансфер сумата која треба да биде платена се движи меѓу 10 и 15 милиони евра.

Премиерлигашот исто така нема преземено конкретен чекор, но вестите за интерес започнаа вчера и јасно е дека такво нешто би требало да се случи деновиве, со што би започнале и конкретни преговори.

Киеза веројатно без проблеми ќе прифати предизвик во Англија, а би соработувал со Арне Слот кој форсира офанзивен стил на игра.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни