Поврзете се со нас

Италија

Киеза најрасположен на „Сан Сиро“, Јувентус ја прекина серијата на Милан (Видео)

Објавено

на

Милан го доживеа првиот пораз сезонава и тоа од екипата на Јувентус, која успеа да победи со 1:3 на денешното гостување на „Сан Сиро“.

Двете екипи влегоа без неколку важни играчи поради повреди или коронавирусот, а Јувентус отвори подобро и со голот на Киеза успеа да поведе во 18. минута.

До 41. минута беше актуелен тој резултат, а по една контра на Милан, Калабрија доби убава топка од Леао и прецизно пласираше во мрежата на Шчесни, носејќи израмнување и покрај тоа што гостите бараа прекршок над Рабио во акцијата која ја иницираше контрата.

Јувентус вторпат поведе преку Киеза, овој пат во 62. минута, а по тој погодок италијанскиот репрезентативец беше повлечен од игра заедно со двојниот асистент Дибала, додека неколку минути подоцна домаќините бараа жолт картон за Бентанкур, што ќе значеше исклучување за Уругваецот.

Судијата Ирати беше меѓу најслабите поединци на теренот и ќе заработи критики за своите најважни одлуки, додека резервистите Кулушевски и МекКени беа креатори на третиот гол за Јувентус, кој беше постигнат во 76. минута и кој ги донесе конечните 1:3.

И покрај поразот, Милан останува на првото место, со бод повеќе од Интер и седум повеќе од Јувентус, кој има и натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни