Поврзете се со нас

Италија

Киеза може да се врати во Италија, два клуба се во игра

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Федерико Киеза го напушти Јувентус и Италија во летниот преоден рок и се пресели во редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Офанзивецот беше „избришан“ во Јувентус и му беше кажано да си бара нова средина, па тој се поврзуваше со повеќе клубови за да на крајот „црвените“ од „Енфилд Роуд“ притиснат и го добијат неговиот потпис. Меѓутоа Киеза скоро и да не заигра за Ливерпул во досегашниот тек, има забележано три настапи или вкупно 78 минути што секако е премалку за играч од негов калибар.

Ама проблемите со повредите и конкуренцијата си го прават своето, па лесно може да се случи Федерико да се врати на Апенините во зимскиот преоден рок.

„Калчомеркато“ најавува вакво сценарио, шестмесечна позајмица во која Федерико би можел да се врати во ритам, соодветна форма. Како опции се споменуваат Милан и Рома, а во целата ситуација би помогнал и Ливерпул со плаќање на дел од платата која изнесува 7,5 милиони евра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни