Свет
Киднаперите на таткото на Диаз го најавија следниот чекор

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Диаз, минатиот викенд доби шокантна информација дека неговите родители се киднапирани во Колумбија, а групата одговорна за овој потег веќе следниот ден ја ослободи неговата мајка.
Сепак, таткото на колумбискиот репрезентативец и натаму е на непозната локација, а владата вчера откри дека одговорни за киднапирањето на родителите се припадниците на таканаречената Колумбиска национална ослободителна армија и побара итно ослободување на Диаз сениор.
Во меѓувреме стигна и реакција од обвинетите за киднапирањето, а тие најавија дека наскоро ќе го ослободат Луис Мануел Диаз, не откривајќи повеќе детали за овој потег.
Родителите на фудбалската ѕвезда биле киндапирани откако нивниот автомобил бил запрен од вооружени киднапери во градот Баранкас, а полицијата успеа во краток период да ја открие локацијата на која се наоѓа мајката на Диаз и истата да ја ослободи.
Колумбиските власти ги активираа сите свои ресурси за да го пронајдат и вториот родител на фудбалерот, а понудија и награда од 48.000 долари за корисна информација околу неговата локација.
-
Македонијапред 21 час
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 21 час
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 13 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 24 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Шпанијапред 15 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)