Македонија
КФСМ утврди нерегуларности во три сали на кои играат прволигашите

Кошаркарската Федерација на Македонија најави вонредна инспекција на сите сали на кои се игра прволигашка кошарка во нашата земја, и тоа откако беше одиграно првото коло од вториот дел од сезоната.
Поплаките на Пелистер ги натераа раководните структури да извршат инспекција и да утврдат нерегуларности во неколку сали, а вонредната инспекција завршила со заклучок дека три сали навистина не ги исполнуваат условите кои се пропишани според правилникот.
Работнички, Вардар, Гостивар и Куманово се клубовите кои во најскоро можно време ќе мора да реагираат и да создадат оптимални услови за игра, или во спротивност, своите натпревари од 14-то коло ќе мора да ги играат во друга сала која ги исполнува условите спореди критериумот 1.
Соопштението на КФСМ е следното:
– Сали кои не ги исполнуваат сите технички услови во делот на теренот за игра, просторот околу теренот, записничката маса, техничката опрема, додатната опрема, имаат одредени отстапки воделот на службени простории во салата – КАТЕГОРИЈА 2.
Тоа се салите на:
– КК „Гостивар АД“, сала „Младост“ – Гостивар, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;
– МКК „Куманово 2009 АД“, сала „Перо Наков“ – Куманово, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;
– КК „Вардар АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозиции за натпреварување во сениорски лиги);
– КК „Работнички АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги);
НАПОМЕНА: Доколку недостатоците не бидат отстранети до пред почетокот на натпреварите од четиринаесеттото (14) коло, наведените сали од КАТЕГОРИЈА – 2 ќе бидат суспендирани. Екипите ќе мора да бараат сали кои ги исполнуваат условите од КАТЕГОРИЈА – 1, согласно членот 20.1 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги.
-
Лига на шампиони23 часа
Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)
-
Англија16 часа
Мареска донесе одлука, Челси има нова „единица“
-
Македонија24 часа
Омерагиќ им се обрати на судиите пред пролетниот дел од сезоната: Мојот телефон не е тајна, нема простор за манипулации!
-
Лига Европа16 часа
Балканците му донесоа убедлива победа на Фенербахче, Сосиедад славеше во Данска (ВИДЕО)
-
Конференциска лига14 часа
Николов и Шишковски славеа со Борац Бања Лука, Антони со мајсторија ја најави победата на Бетис (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Тажна вест: Почина младото момче на кое Мбапе му ја исполни последната животна желба (Видео)
-
Боречки спортови21 час
Се ближи неизбежното: Усик најави уште две големи борби пред да стави крај на кариерата
-
НБА23 часа
Србинот секогаш е чекор пред другите: Извонредната антиципација на Јокиќ ги импресионираше Американците (Видео)