Македонија
КФСМ: Клубовите да не подлегнуваат на притисоци, спортот…
Кошаркарската федерација на Македонија преку соопштение се огласи до јавноста во пресрет на редовната годишна седница на собранието закажана за в среда 18 декември.
Од куќата на кошарката им испрати порака на клубовите да не подлегнуваат на притисоци и порачаа дека спортот мора да остане на спортистите.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Претседателот на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, свесен за задкулисните игри на најразлични заинтересирани страни, сака да ги увери сите клубови-членови на Федерацијата дека нема да дозволи некој да се поигрува со начинот на работа на КФСМ и со целите на раководството со највисокото раководно тело на кошарката во Македонија.
Клубовите кои се вознемирени од ситуацијата која се пласира и кои веќе нè контактираа за секојдневните притисоци со кои се соочуваат ги уверуваме уште еднаш дека ќе продолжиме да ја оправдуваме довербата која несебично ни ја даваат во текот на сиве овие години. Секој кој продолжува да го валка името на овој тим, поединечно или како целина, само докажува за својот личен карактер и зли намери.
Редовната годишна седница на собранието, коешто Претседателот Перо Антиќ го закажа за 18. декември (среда), ќе помине во најдобар ред. На седницата, како што впрочем е и предвидено секоја година на редовниот собир на членките на Федерацијата, ќе биде презентиран финансискиот извештај и извештајот за работа на Федерацијата.
Како и досега, тимот на Федерацијата продолжува да работи отчетно и транспарентно и нема да дозволи некој да се поигрува со својата (политичка) моќ и истата да ја злоупотребува. Спортот ќе го оставиме на спортистите, а ќе ја изоставиме политиката и влијанието од ‘надворешни сили’.
Уште еднаш, ги повикуваме сите клубови да не подлегнуваат на притисоците кои им се наметнати.
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства20 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија23 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија19 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)