Македонија
КФСМ ја поздрави иницијативата на Пелистер и најави вонредна инспекција на салите
Кошаркарскиот клуб Пелистер испрати официјално барање до кошаркарската Федерација во нашата земја и се најави дека нема да игра на стартот на вториот дел од сезоната доколку не се исполнат оптималните услови за игра, кои пак налагаат нормално греење во секоја од салите.
Битолскиот клуб се пожали дека не сите сали во Првата лига имаат доволно добро загревање на салите во пресрет на првото коло од вториот дел од сезоната, по што КФСМ денеска излезе со реакција и најава дека кошарка треба да се игра претстојниов викенд, по што ќе следи вонредна инспекција од страна на надзорен одбор.
– Кошаркарската Федерација испрати известување односно потсетување до клубовите кои се натпреваруваат во Првата МТЕЛ лига мажи, за почитување на Пропозициите за натпреварување за натпреварувачка сезона 2024/2025 во целост.
– Кошаркарската Федерација ќе спроведе вонредна инспекција во салите кои се пријавени пред почетокот на сезоната, по одигрување на првото коло во новата календарска 2025 година (закажано за претстојниот викенд) за уште еднаш да ги потврди условите согласно Пропозициите за натпреварување за тековната сезона. Сите недостатоци кои ќе бидат забележани од страна на делегатите на натпреварите ќе бидат земени предвид.
– Ќе бидат одржани и низа на состаноци со претставниците на сите сениорски лиги за да се спречат понатамошни манипулации со условите за игра. Клубовите кои се натпреваруваат во овој степен на натпреварување добија финансиска поддршка од Министерството за спорт со исплаќање на државните субвенции како и со дополнителната распределба на средства од игрите на среќа, финансиски средства кои Федерацијата не ги доби.
– Дополнително, истите се и ослободени од котизација за учество во лигата благодарение на спонзорот на лигата што раководството го обезбеди пред почетокот на натпреварувачката сезона. Клубовите се доволно финансиски ситуирани за да ги исполнат сите услови за нормално функционирање на една професионална кошаркарска лига во рамки на највисокиот степен на натпреварување поради што сметаме дека повеќе не постои простор за толерирање на неисполнетост на техничките услови за одржување на еден натпревар. Воедно, клубовите кои не ги исполнија или делумно ги исполнија финансиските обврски кон КФСМ добија рок за комплетирање на долговите. Во спротивно истите нема да бидат делегирани.
– Раководството на Федерацијата во најбрз можен рок повторно ќе организира конференција за претставниците на медиумите на која како и минатиот пат транспарентно ќе биде информирана јавноста за работата на Федерацијата како и за сите останати информации за тековниот период за кои Федерацијата смета дека јавноста треба да е запознаена. Ја поздравуваме иницијативата на КК Пелистер која апсолутно се сложува со ставовите на федерацијата за обезбедување на еднакви услови од страна на сите инволвирани страни.
-
Светски првенства22 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Светски првенства10 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Светски првенства11 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Англија24 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Италија20 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија10 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Англија15 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Македонија23 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…