Поврзете се со нас

Свет

Кевин-Принс се откажа од неговиот брат Џером: Не сакам да имам ништо со него

Објавено

на

Новиот член на Лион, Џером Боатенг изминативе денови е во центарот на вниманието, а причината за тоа е казната која му ја доделија германските власти поради нападот на сега веќе неговата поранешната партнерка Шерин Сенлер.

Боатенг се спаси од затвор, но ќе и плати голема отштета на поранешната партнерка

Тој беше прогласен за виновен од германскиот суд и иако му се закануваше затворска казна на крајот мина со со условна затворска казна и ќе мора да и плати отштета од 1,8 милиони евра на некогашната девојка.

Реномираниот „Билд“ на оваа тема побара коментар од полубратот на Џером, фудбалерот на Херта Берлин Кевин-Принс кој беше краток и директен.

-Долго време не сум близок со Џером. Го ценам и го почитувам германското право. Го мразам насилството врз жените. Не се поистоветувам со постапките на брат ми и затоа повеќе немам никаква врска со него, -порача екс членот на Барселона, Милан и Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни