Поврзете се со нас

Шпанија

Кеси откри каква порака добил од Ибра пред заминувањето во Барселона

Објавено

на

Франк Кеси ова попладне беше официјално претставен како звучно засилување за Барселона, клуб кој овој почетен период во месец јули го користи за да ги потврди двата фудбалери кои доаѓаат како слободни агенти.

Кеси доаѓа на „Камп Ноу“ без отштета откако му заврши договорот со Милан, а како актуелен италијански првак се очекува да биде голем плус во средниот ред на Чави Ернандес, каде сепак ќе треба напорно да работи за да се избори за стартерско место.

– Знам дека не доаѓам како стартер и ќе треба да се изборам за тоа. За своето место треба да се изборам со труд и напорна работа, – изјави Кеси на промоцијата, на која откри и интересни анегдоти поврзани за пораката која ја добил од Златан Ибрахимовиќ, но и за неговиот необичен прекар.

– Зборував со Ибрахимовиќ пред да дојдам во Барселона и ми зборуваше само добри работи за тимот. Ми нагласи дека одам на добро место за развивање на кариерата.

– Мојот прекар „претседател“. Ме нарекоа така во Милан бидејќи еднаш дојдов на тренинг и паркирав на местото резервирано за претседателот. Ми рекоа да се препаркирам, но одбив и така дојде прекарот „претседател“, – со насмевка открива Кеси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни