Поврзете се со нас

Шпанија

Кеси и Кристенсен можат да ја напуштат Барселона следната недела

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Френк Кеси и Андреас Кристенсен беа доведени од Барселона како слободни агенти од Милан, односно Челси, но се уште не се регистрирани во Ла Лига поради актуелната финансиска ситуација на клубот.

„ЕСПН“ тврди дека ако до сабота не бидат регистрирани, можат да активираат клаузула според која експресно може да заминат во друг клуб, нешто што сигурно делува нереално, но правно е изводливо.

Барселона ја започнува сезоната во сабота против Рајо Валјекано, а се уште не ги регистрирала ниту скапите засилувања како Левандовски, Рафиња и Кунде.

Каталонците се надеваат дека сепак ќе го продадат Френки де Јонг за да дојдат до средства со кои ќе биде решен големиот проблем, но Холанѓанецот засега одбива да замине.

Барса потроши 150 милиони евра на трансфери, но продаде тв права за сума од 600 милиони евра, што според Ла Лига не е доволно за позитивен биланс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни