Поврзете се со нас

АТП

Кеш: Федерер е најдобриот на сите времиња? Па тој не е ниту…

Објавено

на

Освојувачот на Вимблдон од 1987 година и некогашен светски рекет број четири, Пет Кеш не се согласува со ставот на дел од јавноста дека Рожер Федерер е најголемиот, најдобриот тенисер на сите времиња.

-Сите велат дека Федерер е најголемиот тенисер на сите времиња, па тој не е ни на второто место во својата ера. Тешко е тоа да се поверува. Видете ако сте најдобар вие треба да имате позитивен учинок против вашиот најголем ривал или ривалот број два. Тоа е првиот фактор.

-Кога е во прашање стилот, тој е најдобриот кој сум го видел, неверојатен е рекордот што го постави. Ама Ѓоковиќ има најдобар учинок од сите, -истакна Кеш.

Федерер е тенисерот со најмногу освено грен слем титули во кариерата (20), меѓутоа Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се подобри во меѓусебните дуели, а ако се зеле оваа тројка и сите мечеви тогаш најдобар учинок има српскиот ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни