Поврзете се со нас

Англија

Керик со победа се одјави од тренерската позиција, Јунајтед го совлада Арсенал (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се вратија на победничките патеки откако вечерва со 3:2 славеа на дерби пресметката против тимот на Арсенал.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше последен за Мајкл Керик како привремен тренер на „ѓаволите“ по отказот на Оле Гунар Солскјер. Керик добро се снајде како предводник на Јунајтед затоа што на три тешки натпревари успеа да добие два против Вилјареал и овој против Арсенал, а да ремизира на еден против Челси.

Што се однесува до самиот натревар, Арсенал прв дојде до предност со голот на Емил Смит Роу по една бизарна ситуација кога Фред го повреди Давид Де Хеа.

Пред крајот на првиот дел резултатот го израмни Бруно Фернандеш кој постигна гол по цели 15 натпревари апстиненција.

Веќе на стартот на второто полувреме Роналдо го донесе Јунајтед во водство, но по само две минути од голот на Португалецот, Мартин Одегард изедначи на 2:2.

Конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо кој го совлада Арон Рамсдејл од белата точка.

Инаку, Кристијано Роналдо на натпреварот на „Олд Трафорд“ успеа да стигне до уште еден неверојатен подвиг, да постигне 800 погодоци во својата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни