Поврзете се со нас

НБА

Кер за тепачката со Џордан: Не сум горд на тоа, ама тој момент…

Објавено

на

Документарецот „Последниот танц“ (The Last Dance) посветен на Мајкл Џордан и Чикаго Булс донесе доста интересни работи за јавноста, но и врати многу спомени кај дел од истата, но и кај актерите од таа генерација.

Дел од тој тим беше сегашниот тренер на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер кој вели дека е чудно тоа што пак се враќа назад, односно како одново да ги живее тие денови.

-Навистина е чудно и знам дека ќе биде уште почудно, -вели Кер кој се потсети на тепачката со Џордан за која ќе стане збор во следните епизоди на „Последниот танц“.

-Тоа не е нешто на што се гордеам. Тоа е нешто што се случува повремено во повеќето тимови во текот на сезоната. Момците велгуваат во конфликт за време на тренинзите, тоа е само дел од конкуренцијата на високо ниво. Ама е многу чудно да се знае дека секој ја слуша и зборува за оваа приказна и потоа јас ќе зборувам на камера, исто и Мајл. И луѓето ќе ја прегледуваат целата оваа работа.

-Имаше причина што камерманите генерално немаа пристап. Мислам дека нема снимки од таа тепачка затоа што тоа не се случи во 98 година, туку само да се открие сето тоа и да се зборува за истото не е многу забавно, -вели Стив.

Кер кој со Чикаго освои три шампионски титули воедно обелодени дека Џордан истиот тој ден му се извинил, ама тие никогаш потоа не зборувале или се навратиле на тој инцидент од тренингот на „биковите“.

-Тој ми се јави подоцна тој ден и се извини. На некој чуден начин, тоа беше скоро неопходен чекор во нашата врска, на некој чуден начин. Од тогаш, мислам дека тој ме разбрираше многу подобро и обратно. И ние се снаоѓавме многу подобро и се натпреварувавме заедно и мислам дека тој повеќе ми веруваше.

-На крајот се беше добро. Но, никогаш не сме разговарале за тоа. Да бидам искрен, јас никогаш не сум размислувам за тоа, ама ме прашуваат затоа што тоа е посебна ситуација, -истакнува плејмејкерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни