Олимписки игри
Кер трогнат од сцените на паркетот по големата победа: Жал ми е за Србија
Стив Кер се обидуваше да остане мирен во критичните моменти од супер пресметката меѓу Америка и Србија, но по крајот на мечот и тесната победа на неговиот „дрим-тим“ (95:91), призна дека бил загрижен за конечниот исход во добар дел од средбата.
Американскиот селектор во последната четвртина дочека блесок на големите ѕвезди како Леброн, Дурент, Ембид и Кари, а тоа беше доволно да се неутрализира големата негатива, која во еден момент изнесуваше и 17 поени.
Големите НБА ѕвезди во големото финале ќе се борат за злато против селекцијата на Франција, додека Србите ќе мора да се задоволат само со меч за третото место против Германија.
Поради болниот пораз, добар дел од српските кошаркари завршија со солзи на паркетот, а тоа го натерало Кер да мисли и на противникот во моментите на голема радост.
– Им реков на моите соработници дека ова ќе биде најтешкиот меч на турнирот и беше токму така какошто очекував. Србија е извонреден тим, водени се добро од својот селектор и никогаш не е лесно да победите еден тим три пати во низа. Ги победивме два пати и ниту еден меч не беше доволно конкурентен, оовојпат тие одиграа совршен меч. Погодија многу шутеви, Аврамовиќ погодуваше тројки и играа брилијантно како тим.
– Се појавуваа со шутеви под притисок и играа навистина ангажирано. Навистина се чувствувам гордо и понизно што бев дел од овој меч. Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот, а во такви ситуации, секогаш и ми е жал за тимот кој губи, во случајот Србите. Очигледно е дека сум многу среќен за победата, но видов како некои српски играчи плачат по мечот и навистина ми беше жал за нив. Направија се како што треба, играа преубава кошарка и благодарен сум што бев дел од ваков кошаркарски меч.
– Бев загрижен во текот на целиот меч, но и пред мечот. Србија го има најдобориот кошаркар во светот, Јокиќ е најдобар. Србија знае да игра кошарка, паметни се и цврсти како тим. Ова не е најдобриот шутерски тим кој го имале, но овојпат погодија речиси се што шутнаа. Мислам дека погодија при секоја важна ситуација, но ние имавме доволно сили да се вратиме и да победиме. Беше навистина тешко да се победи, противникот беше неверојатен, – изјави Кер.
-
Светпред 24 часа
Ракитиќ излезе со поинаква изјава за Саудиска Арабија од сите ѕвезди кои се вратија во Европа
-
Шпанијапред 21 час
Гути без размислување го „испука“ играчот на Барса кој би го купил за актуелниот тим на Реал (Видео)
-
Светпред 21 час
Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа
-
Светпред 13 часа
Јасикевичиус го потврди трансферот на Марјановиќ: Сакаме Бобан да биде Бобан
-
Англијапред 12 часа
Гол шоу на „Олд Трафорд“: „Седумка“ на Јунајтед во Лига Купот
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола за „гол машината“ Халанд: Јас за 11 години како професионалец…
-
Балканпред 17 часа
Станковски испрати порака на промоцијата во новиот клуб: Тоа е една од моите цели во кариерата
-
Лига на шампионипред 22 часа
Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа