Поврзете се со нас

Олимписки игри

Кер ќе се повлече од кормилото на американската репрезентација, познат е неговиот наследник

Објавено

на

foto:x.com/usabasketball

Стив Кер веќе неколку години е предводник на американската кошаркарска репрезентација, но неговата приказна со националниот тим може да заврши со освоениот златен медал на Олимписките Игри во Париз.

Американците ја потврдија улогата на фаворити и останаа на врвот на светската кошарка, поточно уште еднаш покажаа дека се уште се најдобриот тим на светот иако конкурентите се се поблиску, им дишат во врат и ќе биде интересно да се види како ќе се снајдат во наредниот период со оглед на тоа што повеќе ќе ги немаат Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Стеф Кари, играчи од светска класа кои беа главни на штотуку завршениот турнир.

Кер е подготвен да се повлече од сегашната функција која ја извршува од 2021 година и со тоа да му овозможи на Ерик Сполстра да се подготви максимално за следниот циклус каде фокусот е ставен на летната олимпијада во Лос Анџелес.

Сполстра е дел од стручниот штаб, многу добро ги знае играчите со оглед на тоа што долго време е во НБА лигата и ако Кер си замине тој треба да седне на селекторското столче.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни