Поврзете се со нас

Англија

Кепа си пронајде нов клуб во Премиер лигата и стави крај на кошмарните три месеци (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Кепа Аризабалага и ден денеска важи за најскапо платен голман во историјата на фудбалот, бидејќи Челси како клуби издвои 80 милиони евра за да го доведе од Атлетик Билбао.

Висината на трансферот сепак не се покажа како гаранција за успех и стандардно место на голот, па надолниот пад во кариерата сега продолжува со преселба на Кепа во редовите на Борнмут.

Шпанскиот чувар на мрежата изминатава сезона беше на позајмица во Реал Мадрид и после 20 настапи се израдува на титулите во Ла Лига, Лигата на шампионите и Суперкупот, но откако се врати во Челси, експресно му беше кажано дека треба да си пронајде нова средина.

Енцо Мареска го отстрани од тренинзите на првиот тим и го натера Кепа да биде во делот од „прецртаните“, па сега на два дена пред истекот на преодниот рок, Шпанецот си најде нов клуб.

Борнмут информираше дека Аризабалага доаѓа меѓу „црешите“ до крајот на сезоната и ќе биде прв голман на тимот, што дефинитивно ќе биде шанса за Кепа да ја врати формата, но и самодовербата која ја има загубено.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни