Поврзете се со нас

Шпанија

Кепа си оди од Челзи, но останува во Премиер лигата

Објавено

на

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага сигурно ќе го напушти Челзи пред крајот на летниот преоден рок.

Тој е еден од многуте играчи на кои тренерот Енцо Мареска не смета за актуелната сезона, а е во групата играчи кои тренираат одвоено од првиот тим. Неговата желба беше да остане во Реал Мадрид, тој беше подготвен на се доколку останеше во таборотна „кралскиот клуб“ од каде што дадоа оценка дека не им треба.

Во последните неколку часа во Англија се зборува за негова евентуална позајмица во Бурнмаут, каде би имал позицијата на стартер, освен ако неговата форма драстично не падне во остатокот од сезоната.

Бурнемут сметаше дека Ливерпул би можел да го испрати кај нив Џорџи Мамардашвили, но грузискиот голман откако потпиша за тимот од „Енфилд“ ќе остане најмалку една година во Валенсија.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни