Поврзете се со нас

Англија

Кепа го избра најдобриот светски голман и испофали еден досегашен соиграч: Реал доби огромно засилување

Објавено

на

Кепа Аризабалага се уште важи за голман кој го режирал најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, но во неговиот случај, тоа не се покажува како доволно да биде прв чувар на мрежата во Челси.

Менди добива предност пред Шпанецот и тоа се очекува да биде така и во новата сезона, за која Кепа открива дека се подготвува како и за секоја друга, со максимална мотивација за докажување и желба за поголема минутажа во првиот тим.

Во интервјуто направено за „Марка“, Кепа вели дека засега не размислува за трансфер и очекува промена на ситуацијата во Челси, но во разговорот, го посочил и најдобриот светски голман во овој момент.

– Оваа година Куртоа е убедливо најдобар голман. Во сезоната која измина, тој беше клучен за титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите. Многупати го спасуваше тимот, но мене најмногу ме изненадува неговата еволуција со играта со нога. Направи чекор напред во тој поглед и тоа е најголемата разлика која јас ја гледам кај него, – вели Кепа, кој го испофалил и Ридигер, кој од Челси се пресели во Реал Мадрид.

– Ридигер е потполно зрел и знае точно што се случува на теренот. Ја разбира играта, игравме заедно последните четири сезони и јас видов голем напредок кај него последните две години. Овој чекор во Реал Мадрид го прави во перфектен момент од кариерата. Сметам дека нема да има никаков проблем да се адаптира во Ла Лига, Реал доби огромно засилување, – смета Аризабалага.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни