Кемпес: Време е Меси да добие одмор од националниот тим, оваа Аргентина…

mesi

Аргентина вечерва го игра клучниот натпревар против Катар за пласман во нокаут фазата на Копа Америка, меч на кој „гаучосите“ мора да дојдат до позитивен резултат ако не сакаат да доживеат уште една голема катастрофа.

Најмногу повторно ќе се очекува од Лионел Меси кој како сега така и низ минатите годни трпи доста критики затоа што не успеава да дојде до успеси како што тоа го прави на клупски план, односно да ја пренесе магијата во националниот тим. Сепак има и многумина кои се на страна на капитенот кој е оставен сам да решева, ситуација која според легендарниот Марио Кампес е невозможно.

Кемпес верува дека оваа селекција е премногу зависна од фудбалерот на Барселона, па смета дека можеби Меси да земе одговор или поточно да ја остави репрезентацијата за да овие момци пробаат да покажат дали можат на направт нешто колективно.

-Веќе неколку години не знаеме како најдобро да одиграме. Приказната постојано се повторува. Не можете да видите систем или тим. Не можете ништо да видите. Што ќе се случи ако овој национален тим го нема Меси? Зошто да не го тргнеме на страна и формираме селекција без Меси и да видиме дали цветаат играчите кои се многу добри во своите клубови. Мислам дека нема да биде лошо ако Лео добие одмор. Тој сака се да дада, ама годините минуваат и веќе е изморен. Направи сé што е можно да освои нешто со националниот тим. Постои зависност од Меси. Тој е најдобриот во светот и сите сакаат да му ја дадат топката, тоа е недостаток на карактер. Не можеме да се преправаме дека Меси ќе ги реши сите проблеми. Тој не може да носи сè на рамената. Тоа е голем проблем во Аргентина. Невозможно е да го замениме. Нема да најдете друг Меси, но можете да тренирате тим без да го имате најдобар во светот. Може да тргне наопаку, но со Меси нема личност, -порача Кемпес.

Facebook Коментари