Поврзете се со нас

Олимписки игри

Келиф победи за финале и борба за златен медал, па испрати силна порака: Воздржете се од малтретирање (Видео)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/COAlgerie/

Борбите на Иман Келиф предизвикуваат огромно внимание на Олимписките игри во Париз, пред се поради скандалот кој изби по нејзинит прв настап на турнирот во категорија до 66 килограми.

Алжирската претставничка според меѓунардната бокс Федерација не треба да настапува во женска категорија поради повисоко ниво на тестостерон и присуство на машки хромозоми, а нејзината дисквалификација од пред една година направи да биде гледана „под лупа“ во Париз.

Голем број светски медиуми ја нарекоа „маж“ и ја осудија за победите над женските претставнички, но во целата бура која настана изминатава недела, се јавија и угледните алжирски новинари, но и најголеми претставници на земјата за да излезат со докази дека Иман е навистина жена.

Сомнежите околу полот на Иман нема да сопрат и по крајот на Олимписките игри, но вчера доцна во ноќта дознавме дека Алжирката ќе се бори за златниот медал.

Откако веќе осигура медал со самиот пласман во полуфиналето, Келиф вчера ја победи Тајландката Јајнаем Суванпенг со едногласна одлука на судиите, а бидејќи одново прикажа доминантно издание, сега е голем фаворит и за златото во финалето кое следи.

Испраќам порака до сите луѓе во светот. Барам од нив да се држат до олимписките принципи и до  олимписката повелба, да се воздржат од малтретирање на сите спортисти. Тоа носи негативни ефекти, навистина негативни ефекти. Може да ги уништи луѓето, може да ги убие мислите, духот и умот на луѓето. Тоа може да донесе поделба кај луѓето. Затоа ги замолувам да се воздржат од малтретирање, – изјавила Келиф по победата.

Видеото од борбата погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни