Поврзете се со нас

Олимписки игри

Келиф го освои златниот медал на „Филип Шатрие“: Ова е одговор за сите кои беа против мене (Видео)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/COAlgerie

Во завршното сценарио на преполниот „Филип Шатрие“, големите љубители на боксот вчера ја изгледаа последната епизода на женскиот турнир до 66 килограми, натпреварувањее на кое од самиот старт „под лупа“ беше Иман Келиф.

Алжирката со сомнителни биолошки одлики крена голема прашина уште по својот прв настап и голем број светски медиуми пренесоа дека „маж“ се натпреварува на женскиот турнир во Париз, нешто што алжирските новинари пробаа да го демантираат со низа докази.

И покрај сите контроверзи и напади кои ги доби, на крајот Иман е таа која се радува во оваа цела ситуација, бидејќи доцна синоќа победи во финалето и се закити со одличјето кое го посакуваше од самиот старт.

Келиф повторно издоминира во финалето и со доминантно издание ја победи кинеската рирвалка Јанг Лиу, по што гордо и емотивно го развиори алжирското знаме со златниот медал на себе.

– Јас сум силна жена и жена која има специјана сила. Му благодарам на Бог за ова злато, ова е одговор за се она низ што минав. Ова е одговор за сите кои се сомневаа. Ова е одговор за сите оние кои беа против мене, – изјави Келиф по победата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни