Поврзете се со нас

Германија

Кел со легендарна фотографија потсети на првата титула со Борусија Дортмунд

Објавено

на

Себастијан Кел имаше чести проблеми со повредите за време на својата фудбалска кариера, но може да се пофали со три освоени шампионски титули во дресот на Борусија Дортмунд.

Поранешниот германски репрезентативец денеска го одбележа освојувањето на првиот трофеј во Бундеслигата, кој Борусија го прослави со победа во последното коло во 2002 година, а тоа го направи со автентична фотографија и интересен текст.

– Првиот бакнеж, првиот ден во училиште, првиот автомобил… Не ги забораваш овие моменти, а пред 18 години првпат станав шампион со Борусија Дортмунд. Во последното коло Евертон постигна гол за 2:1 и следуваше лудница, – напиша Кел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни