Поврзете се со нас

Европски првенства

Кек по испишаната историја со Словенија: Не очекував да ја поминеме групата

Објавено

на

foto: x.com/nzs_si

Репрезентацијата на Словенија издржа и остана непоразена во соочувањето со Англија (0-0) и со вкупно три бода успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата на Европското првенство.

Словенците не загубија ниту еден меч во групата Ц и со тоа потврдија дека се една организирана, храбра, квалитетна екипа која знае што сака и што прави на теренот.

Тие допрва ќе го дознаат противникот за осминафиналето, а во меѓувреме селекторот Матјаж Кек беше искрен и призна дека не очекувал неговите избраници да ја минат групата.

-Навистина не очекував да поминеме. Со играта покажавме дека заслужуваме да поминеме. Игравме против еден од фаворитите на турнирот. Се чувствував позитивно во текот на денот. Покажавме ментална сила. Ги анализиравме, но кога станавме пасивни имавме проблеми.

-Исклучително сум горд на овој тим. Ја видовте енергијата што сите играчи ја добиваа од сите наши навивачи во првиот натпревар и повторно денес. Се радуваме на тоа, но од утре се враќаме на тренинзите и подготовките за следниот натпревар. Имавме тешка група, но имаме врвен тим. Многу сум горд на мојот тим и мислам дека ова е почеток на нова и убава ера за словенечкиот фудбал, -порача Кек по испишаната историја затоа што Словенија првпат ќе игра во нокаут фаза на оваа сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни