Кек: Немаше излез, Македонците заслужено победија

kek-kapce

Матјаж Кек беше доста дрзок на прес-конференцијата пред мечот во Скопје и со некултурниот гест (седна на столчето предвидено за домашниот селектор) си доби негативен публицитет во македонската јавност, но за разлика од првиот пат, вечерва беше далеку помирен, а причина за тоа беше лекцијата која ја доби неговата селекција на теренот.

Македонија комплетно ја надигра Словенија и ја победи со 2:1 во Скопје, натпревар на кој нашите фудбалери во секој поглед ги приземјиа Словенците кои со големи амбиции пристигнаа во македонската престолнина.

– Едноставно бевме преслаби. Имаше премалку желба во нас, премалку тактички бевме дисциплинирани. Сите работи ги наредивме наопаку и немаше излез. Македонците заслужено победија. Нема што да се издвојува индивидуално, колективно бевме преслаби и надиграни. Сега не чека тежок предизвик во Стожице, ќе мора да се докажуваме против Австрија која според мене е најдобрата селекција во групата, – кратко порача Кек на пресот.

Facebook Коментари