Кек: Македонците се поопасни, но ние имаме квалитет да се бориме за победа

Kek-Oblak

Словенечката фудбалска репрезентација утре гостува во Скопје, а во пресрет на квалификацискиот натпревар со нашата репрезентација, вечерва одржа еден тренинг и ја реализираше вообичаената прес-конференција.

Селекторот Матјаж Кек уште еднаш потенцираше дека е свесен за атмосферата која го очекува неговиот состав на арената „Тодор Проески“, но Словенија ќе се обиде да стигне до подобар резултат од тој на првата средба на домашен терен.

– Го респектираме домаќинот, ова ќе биде голем предизвик за фудбалерите, бидејќи и двете репрезентации се желни да ги освојат бодовите. Едвај чекам да започне средбата, бидејќи очекувам квалитетна претстава против сериозен ривал што значи и потреба да го дадеме максимумот.

– Знаеме дека македонската репрезентација ги подобри резултатите и го привлече вниманието на навивачите, имаме доволно информации за противникот, но Словенија е во позиција да мисли само на себе и да го искористи својот потенцијал, – изјавил Кек.

Facebook Коментари