Поврзете се со нас

Европски првенства

Кек: Има уште балканско во нас, сега сите…

Објавено

на

foto: x.com/nzs_si

Словенија без ниту една победа, но и ниту еден пораз ја мина групната фаза на Европското првенство или поточно избори место во првата нокаут рунда каде за противник ќе ја има селекцијата на Португалија.

Словенција ремизираа со Данска, потоа во последните секунди останаа без славје против Србија за да во во последното коло и одолеат на фаворизираната Англија, па дефинитивно овие резултати ја зголемија самодовербата дека може да се направи нешто голема на шампионатот.

-Чувствував дека момците се подготвени за ова, пласманот во осминафиналето го сметаме за колективен успех. Сите заслужуваат признание, од фудбалерите и стручниот штаб, до физиотерапевтите, лекарите, економот, комплетниот менаџмент… Ми се чини дека момците знаеја дека ќе се случи нешто добро, толку многу веруваа во пласман во следната фаза што не беа шокирани кога го изборивме. Никој не ги спакува куферите пред натпреварот со Англија, -вели селекторот Матјаж Кек.

-Сите не сфаќаат сериозно, има уште малку балканско во нас. Ми се допаѓаат силните противници и мислам дека имаме многу да покажеме, како што можевте да го видите против Англичаните. Мораа да се мачат за да се доближат до нашиот гол, -додаде Кек.

Средбата со Португалија е закажана за в понеделиник од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни