Поврзете се со нас

Европски првенства

Кек: Главниот судија почна да се изживува со нас

Објавено

на

Foto:x.com/nzs_si

Даниеле Орсато ја заврши својата кариера во Серија А и сега го има последниот судиски танц на Европското првенство во Германија, на кое има добра шанса да биде дел и од финалето ако се знае дека Италија испадна во осминафиналето.

Искусниот италијански судија и натаму има висок УЕФА коефициент и важи за еден од фаворитите за големото финале во Берлин, но ако се прашуваат Словенците, Орсато не заслужува таква награда.

Матјаж Кек доби црвен картон од Даниеле на почетокот на второто продолжение со Португалија и го догледа мечот од трибините, а сега во разговор со домашните медиуми посочи дека Орсато почнал да се изживува со нив во дополнителните 30 минути игра.

– Нефер е да се каже дека судијата е виновен за нашиот пораз, но мора да се нагласи дека Орсато почна да се изживува со нас. Не му кажав ништо навредливо, само го прашав зошто досуди таков пенал. Наместо да ми одговори, почна да вика и да дели картони, – вели Матјаж Кек.

Интересно, ова не е првпат Орсато да разбесни фудаблска селекција од Балканот, бидејќи Хрватите, а посебно Лука Модриќ беше бесен на него по елиминацијата од Аргентина на Светското првенство, кога капитенот го нарече Италијанецот „еден од најлошите судии во светот“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни