Германија
Кејн: Втората фаза од мојата кариера ќе биде исполнета со трофеи

Хари Кејн собра безброј награди како најдобар голгетер и најдобар играч во Бундеслигата, но севкупно гледајќи ја неговата професионална кариера, англискиот капитен се уште нема освоено ниту еден трофеј.
Иако важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот, Кејн често знае да биде предмет за потсмев од страна на медиумите, но тој е уверен дека оваа сезона ќе ја скрши клетвата, по што ќе следат низа трофеи до крајот на кариерата.
Говорејќи во ексклузивното интервју за „Лекип“, Кејн бил запрашан дали би ги менувал сите индивидуални трофеи за еден на тимско ниво, по што Хари дал доста интересен одговор.
– Многу често ми се поставуваат прашања со ваква содржина и знам зошто се прави тоа. Точно е дека досега собрав само индивидуални награди како најдобар голгетер, или најдобар играч. Јас како поединец ја стартувам секоја сезона со цел да освојам тимски трофеј со моите соиграчи.
– Се уште сум многу млад, имам само 31 години. Во минатото, оваа фаза на кариерата значеше дека е почеток на крајот, но во денешно време, фудбалерите го достигнуваат зенитот на 30 години. Јас сметам дека најдобриот Хари допрва ќе го видите, прилично сум убеден во тоа. Уште поубеден сум во тоа дека ќе освојам многу трофеи во втората фаза од мојата кариера, онаа која стартува сега. Кога ќе ги закачам копачките на клин, никој нема да зборува дека немам освоено трофеј, – убеден е Кејн.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија24 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..