Германија
Кејн урна уникатен рекорд на Халанд во Бундеслигата (Видео)

Хари Кејн се уште го чека својот прв официјален трофеј во професионалната кариера, но од друга страна, има безброј индивидуални потфати кои само покажуваат дека се работи за роден и врвен голгетер.
Англискиот капитен денеска постигна два гола во победата од 4:3 над Холштајн Кил, а тоа значеше дека ѕвездата на Баерн Минхен остварува рекорд кој малку кој веруваше дека ќе биде урнат.
Ерлинг Халанд постигна 50 голови на своите први 50 натпревари во Бундеслигата како член на Борусија Дортмунд, учинок кој сепак доста брзо го подобри Кејн.
Хари денеска го играше својот 50-ти официјален натпревар во германската елита, а со постигнатите два гола, стигна до бројката од 55 голови.
Никој претходно во историјата нема ваков учинок во најсилната германска фудбалска лига, па овој уникатен рекорд го став на вечната листа на првото место пред голгетери како Халанд, Левандовски и Герд Милер.
Harry Kane na Bundesliga:
50 jogos
70 participações em gols
55 gols
15 assistências– Ninguém marcou ou participou de mais gols do que ele nos seus primeiros 50 jogos na competição. pic.twitter.com/WxTa7ZMVgC
— Curiosidades Europa (@CuriosidadesEU) February 1, 2025
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег